Албански театар Скопје е основан во 1950 година, со корени кои датираат од 1949 година, како иницијатива на Народниот совет на Град Скопје. Првично познат како Малцински народен театар, тој се состоеше од две групи: Албанска драма и Турска драма. Со текот на годините, театарот поминуваше низ промени во името и статусот, приспособувајќи ја својата структура и дејност според политичките и општествените реалности. Во 2004 година, театарот го доби името Национална Установа Албански театар Скопје, консолидирајќи се како значајна институција за албанската уметност и култура.
Oсвен што со својата продукција придонесува за развој на театарскиот потенцијал и современиот театар во Република Северна Македонија, Албански театар воедно се етаблира како еден од најраскошните извори за широкото читање и значење на појмот култура, како место каде што се среќаваат естетските, образовните и пошироко општествените слоеви, придонесувајќи за создавање на втемелувачка вертикала во креирањето на културните политики.