Овој јубилеј е идеален повод да се угости во својот дом големото име на европскиот театар, Дритеро Касапи. Дритеро Касапи е едно од највлијателните имиња на театарската сцена.
Роден и дипломиран во Скопје, Дритеро Касапи повеќе од две децении живее и твори во Шведска, како една од најпродуктивните и најистакнати фигури на театарот. Во моментов е назначен за директор на Националниот театар на Шведска.

Касапи на сцената на Албанскиот театар ќе го постави делото „Слободни“ од едно друго име со глобална слава, албанската писателка и академик Леа Ипи, која живее и твори во Англија и која е рангирана во топ 10 најдобри актуелни мислители во светот. „Слободни“ претставува студија на системскиот колапс што го доведува во прашање општиот консензус дека транзицијата од комунизам кон плурализам, демократија и капитализам автоматски резултираше со
подостоинствен живот за обичниот граѓанин.
Која е важноста на Слободата во однос на Човечкото Достоинство – е суштинската тема во приказната на Леа Ипи. Полу-автобиографскиот роман, преведен на повеќе од 30 јазици во светот, за првпат доаѓа драматизиран на сцената на Албанскиот театар, олицетворен со уметничката визија на режисерот Касапи, секогаш заинтересиран за истражување на односите помеѓу поединецот и општеството.