Порака за Светскиот ден на театарот
Може ли театарот да го слушне SOS повикот што го испраќа нашето време, во овој свет на осиромашени граѓани, заклучени во ќелиите на виртуелната реалност, вкоренети во нивната загушлива приватност?
Порака за Светскиот ден на театарот

Може ли театарот да го слушне SOS повикот што го испраќа нашето време, во овој свет на осиромашени граѓани, заклучени во ќелиите на виртуелната реалност, вкоренети во нивната загушлива приватност? Во светот на роботизирани егзистенции во рамките на тоталитарен систем на контрола и репресија низ спектарот на животот?

Дали театарот е загрижен за еколошкото уништување, глобалното затоплување, масовната загуба на биодиверзитетот, загадувањето на океаните, топењето на ледените предели, зголемувањето на шумските пожари и екстремните временски појави? 

Може ли театарот да стане активен дел од екосистемот? 

Театарот го набљудува човековото влијание врз планетата многу години, но тешко му е да се справи со овој проблем.
 

Дали театарот е загрижен за човечката состојба, каква што се обликува во 21 век, каде што граѓанинот е манипулиран од страна на политичките и економските интереси, медиумските мрежи и компании за формирање на мислење?

Каде што социјалните мрежи, колку и да го олеснуваат тоа, сепак се големото алиби за комуникација, бидејќи тие ја обезбедуваат потребната безбедна дистанца од Другиот? 

Сеприсутното чувство на страв од Другиот, различниот, Странецот, доминира во нашите мисли и дела.
 

Може ли театарот да функционира како работилница за коегзистенција на разликите без да се земе предвид траумата од крварењето?
Траумата од крварењето не повикува да го реконструираме Митот. И со зборовите на Хајнер Милер „Митот е агрегат, машина со која што можат да бидат поврзани некои нови и различни машини. Ја пренесува енергијата додека растечката брзина не го разнесе културното поле" и би додал, полето на варваризмот.
 

Може ли театарските рефлектори да фрлат светлина врз општествената траума и да престанат погрешно да ја фрлаат светлина врз себе?
Прашањата кои не дозволуваат конечни одговори, бидејќи театарот постои и опстојува благодарение на неодговорените прашања. Прашањата предизвикани од Дионис, поминувајќи низ неговото родно место, оркестарот на античкиот театар, и продолжувајќи го своето тивко мигрантско патување низ пејзажите на војната, денес, на Светскиот ден на театарот.


Ајде да погледнеме во очите на Дионис, екстатичниот бог на театарот и митот кој ги обединува минатото, сегашноста и иднината, дете на две раѓања, од Зевс и Семела, изразувач на флуидни идентитети, женски и машки, лути и љубезни, божествени и животински, на работ помеѓу лудилото и разумот, редот и хаосот, акробат на границата помеѓу животот и смртта. Дионис поставува фундаментално онтолошко прашање: „За што ли се работи?", прашање кое го води творецот кон подлабоко истражување на коренот на митот и повеќеслојните димензии на човечката енигма.


Потребни ни се нови наративни начини насочени кон култивирање на сеќавањата и обликување на нова морална и политичка одговорност, да произлезат од многуте лица на диктатурата, на денешниот среден век.

Теодорос Терзопулос

Превод од англиски на македонски јазик – Иванка Апостолова Баскар

На репертоар
На репертоар
Feb 12, 2025
Драмското дело ДНК на Денис Кели ја носи…
На репертоар
Feb 12, 2025
Пробите за претставата "Англија" започнале за…
На репертоар
Feb 13, 2025
„Вујче Вања“ е несомнено еден од драмските врвови…
На репертоар
Feb 13, 2025
„ДИВО МЕСО“ е кратка историја на подемот и падот…